Драган Спасов нов в.д. директор на МНТ

7 August, 2017 - 10:07

Актерот Драган Спасов - Дац е нов в.д. директор на МНТ. Тој е назначен на оваа функција на 4 август , откако веќе поранешниот директор на театарот, Дејан Пројковски , сам си поднесе оставка на функцијата. Спасов 25 години беше активен во Драмски театар и како првенец одигра многу успешни улоги на својата матична сцена. Меѓу нив се остварувањата во „ Умри машки“, „ Амадеус“, „ Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, „ Кандит во земјата на чудиата“ , „ Кинегонда во Карла ленд“ и други улоги, по што во април 2016 година премина во МНТ и настапи во претставата „ Тартиф“. Спасов беше и еден од жестоките критичари на претходната власт . Дејан Пројковски кој важеше за режимски режисер на претходната власт, за директор на МНТ беше назначен во октомври 2015 година , откако претходно беше уметнички директор , за време на директорувањето со театарот на актерот Дејан Лилиќ. Од пред два месеци и Тони Михајловски поднесе оставка на функцијата уметнички директор на МНТ, што ја извршуваше за време на дирекротувањето на Пројковски.  

Веста е прочитана 1453 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.