Дојран донесе одлука за одржување референдум, но без прашање за Казандол

19 June, 2017 - 21:28

Дојран донесе нова одлука за референдум, на 23 јули жителите на оваа општина ќе можат да одлучуваат дали се за или против отворање на рудници. Но, наместо по две референдумски прашања како што беше во Богданци, на денешната координација на советничките групи координаторите со градоначалникот се договориле дека е подобро да биде едно прашање. Дали се за или против отворање на рудници на територијата на општина Дојран. Второто прашање кое што го имаше во Богданци а се однесува на стопирање на работата на рудникот Казандол овде е изоставено. Советниците не сакаа да коментираат пред камерите на Телма, но објаснија дека сметаат дека со едно прашање е опфатен овој проблем.

На 12 мај советот на Дојран донесе одлука за одржување на референдум кој требаше да биде вчера, но градоначалникот не ја потпиша одлуката со објаснување дека нема мандат. Советниците тврдат дека ова го дознале дури минатиот понеделник, непосрдно пред референдумот, кога од правната служба на општината побарале информации за избирачките места.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 2382 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.