Директорот Донев ќе ги врати парите за бизнис класата

23 November, 2017 - 21:32

Комфор и луксуз. Летањето со бизнис класа  предпоставува удобност  но и уживање во можноста да се пробаат разни видови храна  и пијалоци. Директорот на агенцијата за туризам Александар Донев кој во изминативе два дена беше предмет на остри критики од страна на јавноста поради користењето на оваа класа на летот до Буенос Аирес денеска изрази жалење поради неговиот избор.

Авионската карта до Аргентина во бизнис класа била 30 одсто поскапа од онаа во економската, односно економската чинела 180 000 денари, а бизнис околу 220 000. Донев доплнително ќе одлучи на каков начин ќе ја врати разликата во средствата.

Аргументот на Донев дека прв пат летал со бизнис класа бидејќи патот е долг повеќе од 17 часа, а на светскиот самит за авантуристички патувања имал набиена агенда и голем број состаноци поради кои требал да биде одморен, не беше доволно основан аргумент за бесните забелешки на социјалните мрежи.

„Човек треба да види како го прават тоа во светот па да знае. А, додека сите дриги се концентрирани на надворешната политика тој да ги види Токио, Лондон, Буенос Аирес и други туристички дестинации од каде става убави туристички разгледници на својот фејс бук профил“.

Според Димов, тој само ја реализира претходно утврдената програма на патувања. Сега за разлика од порано вели се прави внатрешна стратегија на туризмот која е неопходна за тој да се придвижи. Самитот во Аргентина бил инзвонредна можност да се промовираат потенцијалите на Македонија.

Од владата посочуваат дека функционерите можат да користат бизнис класа, и се повикуваат на Упатството за реализација на службени патувања со средства од буџетот на Владата.

„Доколку за патувањето се користи авионски превоз лицето кое патува е должно да го најави своето патување најдоцна 20 дена пред почетокот на патувањето до кабинетот на генералниот секретар преку секторот за јавни набавки како би можело да се искористат поволностите во смисла на датумот на резервација на авио билетот и неговата цена. Претседателот на Владата и/или Именуваните лица можат да користат бизнис класа доколку се во прашање интерконтинентални летови“.

Ова упатство има своја втора страна и во релноста, бидејќи од Владата ја посочуваат заложбата  за кратење на непродуктивните трошоци. Ова практично значи дека  именуваните  функционери треба да ги следат насоките, а тоа значи рационално користење на буџетските средства исклучиво согласно програмите за работа, велат од Владата.

Потврда за оваа нивна заложба, секако во шеговита смисла е и фотографијата на која се гледа како министрите во владите на Македонија и Бугарија со комбе патувале низ Струмица на заедничката седница што се одржа во овој град.

Сепак, нема простор за шега во се пострите дебати околу висината на патните трошоци кои им се исплаќаат на пратениците. Нивните износи се повеќе од огромни, па така на пример, според податоците кои се однесуваат на претходниот состав на чело на топ 15 пратеници за минатата година е пратеникот Крсто Муковски со земени 16 000 евра. Зад него е Чуклев Драган со 15 700 евра, а трет е Момчило Аврамовски со земени околу 14. 500 евра. Еден од обидите за да се поттикне свеста кај пратениците е овој сајт кој  ги покажува параметрите според кои на пратениците им се иисплаќаат патните трошоци. Така излегува дека доколку некој патува од Охрид до Скопје, за  само одење и враќање ќе му се исплатат дури 110 евра, односно доколку присутвува на 10 седници ќе добие дури 1110 евра. Праксата покажува дека овој пат со вкучени патарини не чини повеќе од 2 и пол илјади денари.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 11617 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.