Десеткуван родот на вишните во источниот регион

18 June, 2017 - 16:16

Почна бербата на вишните во штипско-карбинскиот регион. Производителите годинава поради ниските температури и мразот имаат десткуван род. Штети веќе се гледаат, ќе се наберат само 20 % од родот, а најголемиот производител и преработувач на вишни во регионот има штета од над  еден милион евра.

Источниот регион имаше најголеми штети на овошните насади од пролетните мразеви. Минималното производство на вишната ја зголеми и нејзината цена, за разлика од лани откупната цена е зголемена за два и пол пати и се движи од 42 до 50 денари за килограм.

Асоцијацијата на преработувачи веќе ги доставила барањата до министерството за земјоделство. Очекуваат и да го добијат обештетувањето за да немаат посериозни последици во нивното работење.

Викторија Димитрова Јованова

Веста е прочитана 1176 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.