Дарко Димовски и Пецо Грујовски кандидати за претседател на ССМ

6 December, 2017 - 12:05

В.д. претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски и претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски се кандидати за претседател на ССМ.

Претседавачот на Претседателството на Вонредниот конгрес Роберт Симоновски изјави дека меѓу овие двајца кандидати ќе се избере новиот лидер на денешното продолжение на Вонредниот конгрес.

- Демократските процеси во Сојузот на синдикати ќе бидат целосно запазени и сите оние шпекулации кои беа во изминатиот период се отстранети и денеска имаме потенцијални двајца кандидати што ќе влезат во можен избор за претседател на ССМ, изјави Симоновски.

Тој не очекува никакви незадоволства и, како што рече, вратите на Конгресот се отворени за сите. 

Веста е прочитана 186 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.