Дали членот 175 е противуставен или проблемот со нелегално прислушување е на друга локација?

12 October, 2017 - 16:15

Одеднаш членот 175 од Законот за електронски комуникации не е спорен за Владата, иако за опозициската СДСМ беше спорен, поради злоупотреби на прислушувањето. Членот го спомна и Прибе во својот извештај, а Уставниот суд за малку веќе ќе го поништеше, но за конечна одлука ќе чека избор на тројца судии. Членот 175 предвидува обврска за операторите да овозможат директна врска со својата комуникациска мрежа на УБК на МВР, односно со орган задолжен за следење. Владиниот портпарол тврди дека нема разлика во ставот на СДСМ, додека е во влада и во опозиција.  

Уставниот суд го побарал мислењето на 10-ти август оваа година, иако иницијативата за испитување на уставноста на спорниот член е стара повеќе од две и пол години. Претседателот на Уставниот Суд, Никола Ивановски не сакаше да коментира ништо додека на писмено не добие од владата одговор. Според инсајдерски информации, Ивановски е еден од четворицата судии кои е против укинувањето на членот 175, но сега главен проблем е што Уставниот суд има само 6 судии бидејќи на тројца во изминатиот период им истече мандатот. Не може да гласаат, а последниот пат кога се гласаше имаше 8 судии и членот не беше укинат, затоа што резултатот излезе 4:4.Речиси идентична таква одредба еднаш веќе е укината, но поранешниот претседател на Уставниот Суд Трендафил Ивановски смета дека сега е новонастаната состојба и може да се надмине проблемот со злоупотребите со најавените реформи.

И јавноста и експертите се изненадени од новиот обид за решение, иако професорот Калајџиев вели дека проблемот е што Законот за електронски комуникации го олеснува прислушувањето кое кај нас беше злоупотребено.

Владата го ветува токму тоа, дека нема да има злоупотреби - но не кажуваат кој е крајниот рок за реформите.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 1200 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.