Четири години затвор за напаѓачот на Шеќеринска

12 October, 2017 - 13:09

Четири години затворска казна доби напаѓачот на Радмила Шеќеринска, во немирите во Собранието на 27 април.

Пресвртот во целата ситуација се случи минатата недела, кога на последното рочиште 65-годишниот Панче Ангелов, ја призна вината и и се извини на јавноста и на оштетените за како што рече грозоморниот чин. Тој рече дека се обидувал да и помогне на Шеќеринска да ја извлече од толпата, и преемотивно настапил со тоа што ја влечел за коса...Побара поблага казна од судот, но и разбирање за неговата возраст.

Шеќеринска побара одговорност и за својот напаѓач, и за организаторите на настаните во Собранието, алудирајќи и на пратениците кои ги отворијата вратите на Собранието.

Обвинителката побара од судот при одередувањето на казната да ги има предвид олеснувачките, како и отежнувачките околности. Според неа, признанието, возраста на обвинетиот и фактот дека не е осудуван претходно, треба да бидат околности за намалување на казната. Отежнувачки се околностите според кои кривичното дело е извршено без повод, на подмолен начин, искористувајќи ја немоќта на жртвата. Степенот на кривична одговорност го подига и местото каде се случил нападаот - Собранието, како и фактот дека станува збор за лица кои во тоа време биле пратеници.

Веста е прочитана 8875 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.