Чавков ќе биде повикан во Обвинителство за организиран криминал за упадот во Собранието

19 June, 2017 - 16:49

Обвинителството за организиран криминал на почетоткот на јули ќе ги повика пратениците од снимките, но и припадници на МВР меѓу кои и ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, дознава Телма. Деновиве, почнувајки од утре обвинителитеќе сослушуваат новинари, обезбедување на пратеници и други  оштетени и сведоци за време на „крвавиот четврток“ во Собранието. Според информации на Телма тимот обвинители паралелно ги разгледува видеоматеријалите од собраниските насилства. Се читаат и сведоштва на повредните пратеници кои претходно сведочеа во скопското обвинителство, но не е исклучено дел од нив и повторно да бидат повикани да одговорат на некои дополнителни околности што ги интересираат обвинителите за организиран криминал.

Дел од одговорите за 27 април се наоѓаат и во Извештајот на работната група на МВР кој веќе се анализира во обвинителството. Во овој експертски извештај беа лоцирани серија пропусти на МВР,  дел се поврзани и со отворањето на вратите од страна на пратениците, но и пропусти кај раководителот на оперативниот штаб Митко Чавков.

На крајот на мај скопското обвинителство им ги предаде списите на организиран криминал откако увиделе дека постои организираност меѓу дел од инволвираните на „крвавиот четврток“. За другите учесници во собраниските инциденти кои остануваат во надлежност на скопското обвинителство нема нови информации до каде се истрагите.  

Два месеца по собраниските насилства подигнато е подигнато едно обвинение за 9-мина за учество во толпа кои по признанието на вина добија условни пресуди. Обвинителството се жалело на пресудата и сега Скопска аплелација треба да одлучи дали ќе има ново судење за нив, ќе интервенира во пресудата или пак ќе ја одбие жалбата.

Елена Ивановска Муковска

Веста е прочитана 10299 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.