Целосна реформа од прво до трето одделение

4 December, 2017 - 16:42

Целосно ќе се реформираат наставните планови за учениците од прво до трето одделение. Во моментов не е дефинирано дали тоа ќе значи укинување на Кембриџ програмата,или пак нејзина промена и усогласување. Измените почнуваат веќе во септември, но прво со пилот проект.

Реформите треба да обезбедат конечно одлепување на македонските ученици од дното на меѓународните натпревари каде постигнуваат подпросечни резултати во читањето со разбирање, природните науки и математиката. Покрај наставните планови и програми. Ќе се ревидираат и учебниците, а ќе се намали и бројот на предметите.

Измени ќе има и во системот на оценување. Наместо досегашното валоризирање најмногу на меморизирањето на непотребните факти, межѓу кои на пример, колку рудници има во Аргентина, во иднина ќе се оценува она што значи суштинско и трајно знаење. Реформи се очекуваа, оценуваат аналитичарите кои сугерираат нивно внимателно имппементирање. Прво треба да направиме анализа на она што е досега постигнато, а потоа да ги поставиме идните цели, вели Ана Ралева

Бенџамин Перкс, претставник на Уницеф ја посочи потребата од поголем фокус на предучилишното образование, бидејќи како што рече, во земјава повеќето од најсиромашните  деца на возраст од 3 до 6 години не одат во градинка. Реформите на образованието подразбираат проширување на овој опфат и тоа секаде, особено во сиромашните и руралните региони.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 8797 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.