Борут Пахор реизбран за претседател на Словенија

13 November, 2017 - 09:02

Актуелниот претседател на Словенија, Борут Пахор победи на вшерашниот втор круг од претседателските избори, со што освои втор мандат на функцијата шеф на словенечката држава.

Според преброени 93 проценти од гласачките ливчиња, Пахор освоил 53 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Камник, Марјан Шарец добил 47 отсто гласови. По објавувањето на првичните резултати, Пахор им се заблагодари на гласачите за „вербата во демократијата“, ветувајќи дека ќе даде се од себе со цел и оние што не излегле да гласање „да поверуваат во демократијата“. Пахор, кој е поранешен лидер на партијата Социјални демократи и беше премиер од 2008 до 2012-та, на овие избори настапи како независен кандидат.

Веста е прочитана 156 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.