Бомбите - Јавен интерес во потрагата по вистината

11 August, 2017 - 18:26

Во судската постапка ќе се утврди дека бомбите не може да бидат докази како што одлучи Апелациониот суд, оценува координаторот на најголемата, шестчлена пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.  

Апелациониот суд во одлуката објавена вчера напиша дека бомбите може да се користат во судски процес затоа што биле снимани, а не прибавувани како докази. Докази станале откако законски е формирано СЈО, оцени апелација.

ВМРО-ДПМНЕ пак смета дека бомбите во судница се нелегални докази и со нив се крши и Уставот и Законот за кривична постапка. Експертите и претходно сугерираа дека одлуките на судовите треба да ги води јавниот интерес. Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Лазарова пред Врховниот суд во мај истакна и дека македонските судии мора да разликуваат незаконски прибавени од незаконски создадени докази, како што се бомбите.

Јавниот интерес победи и во одлуката на Апелација. Со бомбите кои ги објави СДСМ, се отвори и прашање кое СЈО досега не го расветли до крај - дали имало и нарачување на притвори како што се слуша во некои разговори.  

Пратеникот Димовски денеска беше прашан за содржината на оваа бомба, но не одговори конкретно туку обвини дека објавувањето на тие бомби имало за цел да се дојде до редефинирање на државата.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 1503 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.