Барбара Стрејсенд на врвот на американските топ листи

7 September, 2016 - 12:36

Пејачка и актерка Барбара Стрејсенд со нејзиниот нов албум Encore: Movie Partners Sing Broadway  по 11 -ти пат се најде на врвот на американските топ листи.

Единаесет од првите места на американската топ листа на алубмот има уште Брус Спрингстин, а Елвис има десет. Барбара Стрејсенд по тој критериум е далеку најуспешна пејачка, а  следи и Мадона со осум први места.

Encore: Movie Partners Sing Broadway е 35-ти албум во богатата кариера на Барбара Стрејсенд. На него во дуети пее песни од успешните мјузикли. 

 

Веста е прочитана 652 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.