Бактерија пронајдена во пилешкото месо на „Перутнина Птуј“

16 April, 2017 - 16:30

Министерството за земјоделство на Хрватска ги повлече од продажба производите од пилешко месо на фабриката Перутнина Пту и земјоделското стопанство Ораховец во кои беше докажано присуство на Бактеријата салмонела.Бактеријата е детектирана во пилешки гради со коска без кожа произведени од Перутнина Птуј ПИПО со дата на производство од 29 март и со тежина од 674 грама а истата бактерија е најдена и во свежото месо,  пилешки гради,копан и надкопан и пилешко мелено месо произведени на 24 март во Ораховец.Според наодите на ветеринарната и санитарната инспекција овие производи се отстранети од полиците и повеќе ги нема на пазарот.

Македонските власти смируваат.Во земјава не се увезени преработки од пилешко месо со дата на производство и лот за кои хрватското министерство за земјоделство вчера нареди повлекување од пазарот

Врз основа на направената контрола од страна на дежурните инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство, утврдено е дека преку Системот за брзо известување за храна и храна за животни на Европската унија,не е добиена нотификација дека небезбедна пратка од овој тип е пласирана на македонскиот пазар. Преу RASSF системот нема нотификација ниту дека на пазарот во РМ се пласирани производите на земјоделското стопанство Ореховец од Хрватска, чии производи исто така се повлечени од хрватскиот пазар, поради утврдено присуство на истата бактерија, се вели во реакцијата од   Агенција за храна и ветеринарство

Според последните податоци, за набавка на пилешко месо од Мкаеоднија се одлеваат околу 60 милиони евра годишно а само 5-15 % од потребите за овој вид месо се покриваат од домашно производство

 

Виолета Зајкова Стојановска

Веста е прочитана 8353 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.