Австрија испрати полицајци на српско-бугарската граница

10 January, 2017 - 11:03

Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка испрати денеска 20 полицајци кои ќе учествуваат во набљудување на српско-бугарската граница. Затворањето на балканската рута и натаму е од централно значење за надминување на бегалската ситуација, се наведува во соопштението на австриското Министерство за внатрешни работи.

Сакаме на балканските земји и понатаму да им бидеме доверлив партнер и ги поддржуваме да остане затворена балканската рута“, истакна Соботка.

Според него, бидејќи затворањето на балканската рута е многу важно за надминување на бегалскиот предизвик, тогаш е неопходен солидарен придонес од европските земји.

Веста е прочитана 356 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.