Анкетата на Телма и МЦМС проектира победа на СДСМ на локалните избори

13 September, 2017 - 21:32

СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ покажува новата анкета на Телам и МЦМС, спроведена телефонски од „М Проспект“, во период од  4 до 11 септември на репрезентативен примерок од 1005 испитаници. За прв пат во сондирањата на јавното мислење на Телма и на МЦМС има промена во рејтизните на двете најголеми партии. Неа ја ја следат уште поизразени промени во рејтинзите на лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во полза на Заев.   

Во пресрет на анкетата на Телма и МЦМС, пораталите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ свесни за новиот однос на политичките сили кои се рефлектираат во неа, денеска објавија лажна анкета, наводно спроведена од МЦМС, во обид да го дискредитираат истражувањето. Од МЦМС категорично негираат дека анкетата на која се повикуваат порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, не била направена.

Инаку, новата анкета на Телма и МЦМС проектира победа на СДСМ на локалните избори, која  е изразена во цифра поголема од можната статистичка грешка во анкетата. Рејтинзите на партиите од анкетата ќе бидета презентирани во утрешното издание на Топ тема на Ваша страна.
Освен рејтизните на партиите, анкетата го отслика и расположението на граѓаните по 100 дена на Вадата. Од политиките на кабинетот на Зоран Заев задоволни се 60 проценти од граѓаните, но не е мал процентот и на незадоволни - 35%. Јавноста има перцепција дека Владата во 100 дена се фокусирала најмногу на надворешната политика, дури 38,5 %, а само  7,7 проценти  сметаат дека се фокусирала на социјална заштита, речиси исто толку на зголемување на вработеноста,  а уште помалку на економскиот развој. Бројките пак за тоа на што сакаат граѓаните да се посвети новата влада отсликуваат друг интерес.  Граѓанитее очекуваат таа да работи на зголемување на работни места, дури 34,2 %. 18,4 проценти сакаат во фокусот на владата да биде економскиот развој, а 10,4 сметаат дека тоа треба да биде здравството. Во фокусот на граѓаните надворешната политика е дури на четврто место со 8,6 проценти.

Во предвечерјето на локалните избори анкетата покажа дека 60 проценти од испитаниците сметаат дека тие се само редовни локални избори, додека за 31,3 проценти истите ги перцепираат како проверка на рејтингот на партиите и евентуален вовед во парламентарни избори. Во контекст на локалните избори се покажа дека големо мнозинство од граѓаните очекуваат во програмите на градоначалниците да доминираат локалните проблеми. Безмалку 70 % сакаат конкретен план за решавање на локалните проблеми. Локалниот економски развој е битен за третина од испитаниците, урбанистичко планирање  за 18 проценти,  комунални дејности за 10, а животна средина 9,5 проценти.

 

Интересен е податокот дека на прашањето дали при изборот за градоначалник битна е личноста или партијата, дури  47 проценти одговриле дека за нив е битен кандидатот, неговата личност, образование, искуство, репутација, додека само за малку повеќе од 9 проценти клучна е партиската припадност. 

Тамара Грнчароска

Веста е прочитана 9484 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.