Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со 24,5 % пред СДСМ со 23,7 %

19 May, 2017 - 15:40

ВМРО-ДПМНЕ 24,5 отсто, СДСМ 23,7 отсто. 0,8 проценти е разликата во рејтингот меѓу двете најголеми партии. Ова го покажува анкетата на Телма направена за емисијата Топ Тема на ваша страна.

На прашањето доколку утре се одржат парламентарни избори за кого е најверојатно дека ќе го дадете гласот 24,5 отсто од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 23,7 за СДСМ. 8,5 проценти ќе гласаат за ДУИ, 3,7 за Беса, 1,8 за Алијанса за Албанците, 0,9 за ДПА. Повеќе од 30 проценти не кажуваат за кого ќе гласаат.

 Анкетата има и резултаи за рејтингот на партиските лидери, за прашањето дали граѓаните сметаат дека почна разрешувањето на кризата и други прашање кои ќе ги гледате во топ тема на ваша страна.

Анкетата е спроведена од 10-15 мај, телефонски, на примерок од 1000 испитаници од страна на агенцијата М-Проспект на барање на Телма и МЦМС.

Веста е прочитана 13807 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.