Аналитичарите не се согласуваат со приоритетите и датумот на објавување на платформата на Албанците

8 January, 2017 - 15:27

Забелешките на аналитичарот Рамадан Рамадани се однесуваат на редоследот по кои се наведени барањата на партиите на Албанците. Приоритетот е вели погрешен, бидејќи наместо националните интереси, први на листата треба да бидат оние кои се однесуваат на владеење на правото. Не се согласува ни со изборот на денот на објава на оваа декларација.

Забелешки во однос на заедничката платформа има и аналитичарот Петар Аровски. Предупредува дека националната димензија на декларацијата ќе ги направи многу покомплицирани преговорите со која било партија од македонскиот блок.

Според Рамадани, ултимативноста на оваа платформа според него не е насочена кон Македонците, туку кон државата, и не се однесува само за овој мандатар туку треба да биде долгогодишна платформа.

Вчера претседателот Иванов најави дека ќе биде испочитуван терминот определен во Уставот кога треба да го додели мандатот за состав на новата влада. Рокот истекува утре.

По доделувањето на мандатот ќе отпочнат и преговорите меѓу партиите. Мандаторот има рок од 20 дена  да обезбеди парламентарно мнозинство. Доколку не успее во тоа, мандатот се враќа и се дава на другата партија која има освоено најмногу гласови.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 10180 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.