Американски војници пристигнуваат во Полска

12 January, 2017 - 11:40

Американски тенкови и оклопни возила со повеќе од 3.000 војници почнаа од утрово да пристигнуваат во Полска, јави Би-Би-Си. Тие се дел од одговор на американскиот претседател Барак Обама на загриженоста на НАТО сојузниците поради Русија.

Тоа е најголемо американско ангажирање во Европа во изминатите неколку децении. Повеќе од 80 тенкови и стотина оклопни возила пристигнаа во Германија и сега се префрлуваат кон Источна Европа по патишта и железница, наведува Би-Би-Си. 

Веста е прочитана 689 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.