Албанските политички партии постигнаа компромис

18 May, 2017 - 11:12

Албанските политички партии постигнаа компромис за изборите следниот месец, по интензивното посредување од страна на висок американски претставник. 

По тричасовниот разговор премиерот Еди Рама од владејачката Социјалистичка партија и Љуљзим Баша од главната опозициска Демократска партија изјавија дека постигнале спогодба.

Американскиот заменик-помошник државен секретар Хотј Брајан Ји им даде во понеделникот предлог од европските пратеници како база за преговорите.

Двајцата лидери изјавија по средбата дека деталите од спогодбата ќе бидат дефинирани во следните 24 часа.

Спогодбата веројатно ќе ги одложи парламентарните избори, кои се закажани за 18 јуни.

Опозицијата ја бојкотира работата на Парламентот од февруари и одби да се регистрира за изборите, тврдејќи дека кабинетот на Рама ќе врши нерегуларности на изборите. 

Веста е прочитана 1049 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.