Ахмети: Можни се нови избори

11 January, 2017 - 11:26

Груевски по вчерашната средба со партиите од неговата коалицијата не доби зелено светло за прифаќање на платформата на партиите на Албанците. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за телевизијата 21 изјави дека во игра се сите опции- Коалиција со ВМРО ДПМНЕ, коалиција со СДСМ, техничка влада и преоѓање на ДУИ во опозиција. Ахмети не исклучува ни можност од нови избори, доколку на преговорите не биде прифатена платформата на албанските партии.

Веста е прочитана 1939 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.