Адвокатите бараат да се снима судењето за „Траекторија“

6 December, 2017 - 16:00

Одбраната на Груевкси, Јанакиевски, Пешевски и Георгиевски, инсистира судењето за „Траекторија“ за кинеските автопати да се снима. Оваа законска одредба судењата да се снимаат која досега се применуваше на мал број судски процеси меѓу кои и „Монструм“, „Диво Насеље“, „Шамари во Центар“. беше причина да се одложи старот на судењето.

Обвинетите бараат судски камери но не сакаат во судницата медиумиски камери. И на ова судење и покрај одобреното барање од Врховниот суд, на медиумите не им беше дозволено да направат снимки во судницата. Груевски вели обвинети биле за нешто што и СДСМ го правела, посочувајки дека и нивната влада во минатото зела кинески кредити за финансирање на градбата на ХЕЦ „Козјак“.

„Сега кога повторно дојде на власт СДСМ, на исти начин и во иста постапка се направи анекс на договорот, а тој анекс се преточи во закон за потоа да помине во парламент. За нешто што се правело во минатото, се прави и сега, ние сме обвинети, па сега видете“, рече Груевски.

Според обвинението на СЈО во 2012 и 2013 Груевски ги потикнал вицепремиерот Пешевски, министерот Јанакиевкси и директорот на Агенцијата за патишта Георгиевски да го заобиколат Законот за јавни набавки за изгрдба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип. Преговарале само со една од двете кинески компациии и за автоптатот Кичево - Охрид ја прифатиле поскапата понуда а на Собранието лажно му претставиле дека се работи за најповолна понуда.

„Пратениците во уверување дека податоците во доставениот предлог закон се точни и дека носењето на законот е корисно за РМ го изгласале Законот за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево - Охрид, а потоа обвинетите В.П., М.Ј. и Љ.Г. ги потпишале претходно парафираните договори за изградба на автопатите и за компанијата Синохидро прибавиле имотна корист во износ од најмалку 155.117.256 евра, за кој износ му нанеле штета на Буџетот на Р.М“, стои во обвинението.

Нов обид да зпаочне „Траекторија“ е закажан за 18 декември а утре Груевски и Јанакиевски повторно се во Кривичен за насилството во Центар.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 1413 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.