Вести Македонија Топ вести

Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци, a ниту одговор како ќе се реши овој проблем

Во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. Оваа информација може да се провери и во делот за термини на веб-страницата на Мој Термин.

Министерството за здравство на прашање на МИА, не дава конкретен одговор и фокусот го стави на Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка. Во недостиг на термини, а со цел навремени проверки, жените се принудени решението да го бараат во приватните клиники.

-Со цел да се олесни закажувањето, жените добиваат СМС порака со точно време, ден и здравствена установа за скрининг мамографија и нема потреба да се јавуваат кај матичен лекар за упат. За жени на кои ќе треба да се направат дополнителни прегледи како на пример ехо и биопсија, радиологот ќе ги повика телефонски и ќе креира упат за дополнителните прегледи, стои во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство.

Оттаму информираа дека со Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, која започна овој месец, од 1 до 4 ноември се направени скрининг мамографии кај 156 жени.
Со оваа скрининг програма треба да бидат опфатени жените од 45 до 69 години кои не направиле мамографија во последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44 години кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор.

Матичните лекари тешко се справуваат со термините и издавањето упат за мамографија. Велат дека дека Скопје е голем регион и тешко се наоѓаат термини, додека на пример во Велес после еден месец може да се најде термин. Велат дека матичните лекари кога ќе забележат дека нешто не е во ред, издаваат итен упат со цел брза реакција. Сепак, вината за недостатокот на термини не е само на едно место, сметаат матичните. Шестопати се случува пациентите да имаат термин, но да не го искористат и да не дојдат, па така се зафаќа место за друго лице.

Свеста останува колективно на општеството, но и на ресорните институции да одредат точно и конкретно  колкупати едно лице и во колкав временски период може да закаже термин за одреден здравствен проблем, користејќи ги разумно здравствените услуги.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Н.У. Музеј на тетовскиот крај: Природно е бистите на народните херои Амбарче и Мерџан да бидат поставени во Меморијалниот музеј на КПМ

Дејан Дејан

Пјонгјанг продолжува да ги тестира севернокорејските воени капацитети

Дејан Дејан

Ќе се зголемува европскиот фонд за одбрана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе