СКИЈАЊЕ

ВТОРА ПОБЕДА ВО ДВА ДЕНА ЗА ШИФРИН ВО ЗЕМЕРИНГ

28 December, 2016 - 19:38

Втора победа за Миkаела Шифрин во два дена на петиот велеслалом во Светскиот куп (СК) што се возеше во австрискиот зимски центар Земеринг.

За третиот триумф во кариерата во оваа дисциплина, слично како вчера, Американката повторно беше побрза од Французинката Теса Ворли, која за второто место имаше послаб резултат за само 15 стотинки. На тешката патека поради снегот кој постојано паѓаше трката беше незвесна бидејќи за третото место Германката Викторија Ребензбург целта ја мина со 18 стотинки заостанување.

Со 25 победа во кариерата во СK, Шифрин ја зголеми предноста во Генералниот пласман. Сега е лидер со 698 бодови, пред Швајцарката Лара Гут со 583 и Илка Штухец од Словенија со 495 бодови на третата позиција.

Во поредокот за велеслалом Ворли ја задржа првата позиција со 400 бодови, 35 повеќе од второпласираната Шифрин.

Најдобрите скијачки веќе утре повторно во Земеринг со четвртиот слалом ќе ја затворат 2016 година.

Машкиот спуст што требаше да се вози во италијанска Санта Катерина беше одложен поради силен ветер.

Веста е прочитана 211 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.