СКИЈАЊЕ

ВЕТЕРАНОТ ГЕЈ ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА ВО СУПЕРВЕЛЕСЛАЛОМ НА СП ВО СЕНТ МОРИЦ

8 February, 2017 - 18:54

Ерик Геј ја освои титулата во супервелеслалом на Светското првенство за алпско скијање што се одржува во швајцарскиот зимски центар Сент Мориц. Канаѓанецот за златниот медал извозе за 45 стотинки побрзо од водечкиот во поредокот за Супер џи во Светскиот куп, Норвежанецот Кјетил Јансруд, кој го освои среброто.

За третото место на победничкиот подиум се избори, Мануел-Озборн Парадис, кој ја дополни доминацијата на Канаѓаните, освојувајќи го бронзениот медал со заостанување од 51 сотинка зад сонародникот Геј.

За 35 годишниот Канаѓанец ова беше втора Светска титула во кариерата откако пред шест години во Гармиш Партенкирхен се закити со златниот медал во спуст и воедно влез во историјата како најстар Светски шампион во алпското скијање.

Следната дисциплина на мундијалот е алпската комбинација во женска конкуренција закажана во петок на 10 февраури.

Во Сент Морц и Македонија има седум скијачи кои своите настапи ќе ги започнат кон крајот на Светското првенство од 16 февруари кога на програмата се техничките дисциплини - велеслалом и слалом.

Веста е прочитана 467 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.