ПМФЛ

ВАРДАР ЗАМИНА СО ТРИ БОДА ОД БИТОЛА, ЌЕ ПРЕЗИМИ НА ПРВОТО МЕСТО

30 November, 2016 - 18:28

Вардар забележа минимална победа на вечното дерби против Пелистер на гостувањето во Битола и ја задржа предноста од шест бодови во однос на Шкендија, која славеше во локалната пресметка со Ренова. На другите три средби победи извојуваа Работнички и Силекс а во дербито на дното немаше победник, Македонија Ѓорче Петров и Брегалница ги поделија бодовите.

Резултати 17. коло:

Пелистер – Вардар 0:1

Ренова – Шкендија 1:2

Македонија ЃП – Брегалница 2:2

Силекс – Шкупи 1:0

Работнички – Победа 3:1

Табела:

1. Вардар 40 бодови

2. Шкендија 34

3. Пелистер 29

4. Работнички 27

5. Силекс 23

6. Ренова 20

7. Шкупи 16

8. Победа 15

9. Македонија ЃП 12

10. Брегалница 10

Веста е прочитана 268 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.