РАКОМЕТ

ВАРДАР РЕМИЗИРАШЕ КАЈ ПИК СЕГЕД

7 October, 2017 - 20:20

Европскиот првак Вардар  ја продолжи позитивната серија во ЛШ на ЕХФ играјки реми од 26-26 (13-14) на гостински терен кај Пик Сегед во меч од 4.коло. Македонскиот состав имаше и можност за продолжување на победничкиот низ,  но шансата за триумф  во последната минута не ја искористи Дибиров.

Во поголемиот дел од  мечот во Сегед,домаќинот имаше минимална предност, а Вардар успеваше во неколку наврати и да ја стигне. Во последната минута ракометарите на Вардар испуштија победа откако на 20 секунди до крајот освоија топка  а Тимур Дибиров не успеа да го  реализира контра нападот. Последниот шут на ПИК Сегед заврши над голот  за прв нерешен резултат за „црвено-црните“ по трите стартни победи.Најефикасни кај Вардар беа Вуко Борозан со 8 голови и Лука Циндриќ со 7. Одличен на голот беше Арпад Штербик со 14 одбрани.На вториот натпревар од групата А  Рајн Некар Ловен го победи Криситијанштад 35:22.Македонскиот репрезентативец во германскате екипа, Филип Талески беше стрелец на 4 голови .Вечерва од 20 часот играат Барселона против Нант.Утре на програма е дуелот ППД Загреб - Висла.   

Веста е прочитана 609 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.