ФУДБАЛ

ВАРДАР И ШКЕНДИЈА СЕ ПРОТИВНИЦИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ОД НАЦИОНАЛНИОТ КУП

9 December, 2016 - 18:39

Вардар и Шкендија ќе играат во полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија. Ова беше епилогот на денешното извлекување на двојките во просторииите на Фудбалската федерација на Македонија.

Актуелниот првак во шампионатот и бранителот на титулата во националниот Куп ќе се сретнат на еден меч пред финалето додека во второто полуфинале се среќаваат Брегалница и Пелистер.

Првите натпревари ќе се играат на први март идната година, додека реваншите се закажани за 19 април во .

Веста е прочитана 616 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.