РАКОМЕТ

УСПЕШЕН ТЕСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ СО БИХ

4 January, 2017 - 16:05

Синоќа под Кале,сениорите го имаа првиот контролен меч во подготовките за СП во Франција.Македонија ја совлада Босна и Херцеговина со 28-24,откако имаше водтвсо во текот на целиот меч и највисоки 12-4   на средина од првите 30.минути.На полувремето,избраниците на Лино Червар имаа 16-11.Резултотот е во втор план истакна- селекторот Червар, ротирајки во составот и менувајки ја  тактиката. Дејан Манасков постигна седум голови , Стоилов и Кире Лазаров реализираа по пет.На  голот,   триото Колев, Митревски и Трајковски имаше вкупно 17  одбрани.Вечерва од 20 часот,во салата Автокоманда,Македонија и Босна ќе имаат нов тест но зад затворени врати што ќе биде случај и на утрешниот трет пријателски натпревар помеѓу  двете  селекции.На СП во Франција,Македонија е во група  со Шпанија,Словенија,Исланд,Ангола и Тунис,противник на Црвено-жолтите  во 1.коло на 12 јануари во Мец.

Веста е прочитана 444 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.