ТУПУРКОВСКИ ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА, СЕДМИ МАНДАТ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ МОК

9 December, 2016 - 19:00

Васил Тупурковски останува и во наредните четири години на чело на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Тупурковски за првпат имаше против кандидат на денешното Изборно собрание на МОК во поранешниот Олимпиец, кајакарот Атанас Николовски. Сепак, на крајот со акламација на 119 од 120 делегати, освен еден кој беше воздржан, повторно беше реизбран добивајќи го седмиот мандат.

„Голема чест, задоволство и пред се обврска ми е што и во наредниот период ќе може да се грижам за подобро утре на македонскиот спорт. Знам дека ќе биде уште потешко, бидејќи критериумите се уште повисоки, но само со правилна работа и макотрпна работа мислам дека ќе успееме да го вратиме на вистински пат македонскиот спорт“, изјави Тупурковски, по добивањето на новиот мандат.

Тупурковски е единствениот претседател во историјата од формирањето на МОК во 1992 та година. На денешното Собрание за потпретседатели беа избрани Благоја Георгиевски и Јордан Камчев. 

Веста е прочитана 189 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.