СПОРТ

ТОМИ СТЕФАНОВСКИ СПОРТИСТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2016

22 December, 2016 - 15:47

Денеска во салата на Градскиот совет беа прогласени најдобрите во спортот на Град Скопје за 2016 година.

Победникот на Светската серија на Фина во маратонско пливање и на Охридскиот пливачки маратон,Томи Стефановски е лауерат кај сениорите.Азис Исмаил од Карате Клубот Макпетрол е најуспешен во младинска категорија.Раул Гозналес од РК Вардар ја доби наградата за најдобар тренер.Шаховскиот клуб Алкалоид,европски клупски шампион е најдобра екипа.Французинката Амандин Лејно од ЖРК Вардар е најуспешен  спортист-странец кој настапува за екипа од Скопје.Пинпонгарот Трајче Стојановски е спортист на град Скопје за 2016 година  кај лицата со телесен инвалидитет.

Веста е прочитана 245 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.