СКИ СКОКОВИ

ТАНДЕ ПОБЕДИ ВО ГАРМИШ,ШТОХ ГО ПРЕВЗЕДЕ ВОДСТВОТО НА ТУРНЕЈАТА

1 January, 2017 - 16:47

Втората  станица од  Новодишната турнеја во ски скокови му припадна на Даниел Андре Танде.22 годишниот ски скокач од Норвешка победи во Гармиш Партенкирхен, натпревар со кој традиционално се отвара  Новата година на Европската спортска сцена.Танде  прескокна 138 метри  во првата серија и ја задржа водечката позиција и после второто спуштање по залетиштето во Гармиш, со резултат од 142 метри.Втората победа во кариерата  од настапите во Светскиот куп и прва на Новогодишната турнеја, норвежанецот ја избори пред Камил Штох од Полска  и најдобриот од Оберсдорф,австриецот Штефан Крафт.Штох го превзеде  водтството  на турнејата од Крафт за само 0,8 бодови.Трет е Танде со минус од 6 и пол бодови.65. издание на турнејата Четири Скокалници продолува во Австрија.Трета станица е Инсбрук на 4-ти јануари.Финалето е закажано за 6-ти во Бишофсхофен.Во генералниот пласман на Светскиот куп  после 10-от натпревар води Домен Превц кој денеска во Гармиш го освои 5.место.Неговиот постар брат Петер кој ги брани титулите и на турнејата и во Светскиот куп, заврши на 11 позиција.

Веста е прочитана 1002 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.