ФУДБАЛ

СУПЕР КУПОТ ЗА РЕАЛ,СКОПЈЕ ОДЛИЧЕН ОРГАНИЗАТОР НА СПЕКТАКЛОТ

9 August, 2017 - 14:02

 

Реал Мадрид ја одбрани титула во Супер купот на Уефа.Европскиот шампион го победи победникот од Лига Европа, Манчестер Јунајтед со 2-1 на Арената Филип Втори  и најави сезона за нови трофеи.

„Благодариме Скопје, Македонија. Фантастични домаќини на Суперкупот 2017“ – се вели во пораката од УЕФА до македонската јавност.

 

Битката за наслов најдобар во Европа за изминатава  сезона ја доби Европскиот шампион.Реал ја оправда  улогата на фаворит.Екипата од Мадрид 2-1 го порази Манчестер Јунајтед за 4-та  титула во Супер Купот и ја  продолжи доминација на шпанските екипи.Година во која Реал е првиот што одбранил титула  во ЛШ и е прв тим после 1990 со два трофеи  по ред од Супер купот.

Мечот на Арената Филип Втори во Скопје  почна  во знак на играчите на Зидан.Двете пропуштени шанси на кралскиот клуб го најавија водството.Касемиро ја погоди мрежата на Де Хеа во 24 минута.Иско во 52-рата  ја удвои предноста на Реал,а подоцна,Бејл можеше и да сголеми на 3-0 .Манчестер  имаше свои моменти  но без острина и фокусираност во завршиот дел од акциите.Лукаку во 62 минути се поправи за промашувањето во правта шасна.Новиот напаѓач на Црвените Ѓаволи намали на 1-2 и влезе во друштво на Ван Нистелрој и на Руни кои на официјално деби за тимот од Олд Трафорд успеале  да постигнат гол.Екипата на Жозе Мурињо се обидуваше но не ја исполни  желбата да изедначи и да избори продолжени на скопската трева па имаше поинаква улога на чинот на прогласувањето од очекувањата за Манчестеровите  навивачи.Кристијано Роналдо кој  беше резерва ги одигра завршните минути  а славата синоќа им ја препушти на извонредните Касемиро и Иско кој беше прогласен за играч  на натпреварот.

ИЗЈАВА ЗИНЕДИН ЗИДАН-ТРЕНЕР ФК  РЕАЛ МАДРИД

Никогаш не чувствуваме замор од победување.Клучно беше тоа  што контролиравме два од најважните три нешта на теренот.Имавме посед на средината и  ги протискавме високо на нивната половина без да им дадеме простор за игра.Тоа што беше важно е дека бевме со ладни глави и го искористивме нашето  време со топката и постигнавме тоа што го посакувавме.

ИЗЈАВА ЖОЗЕ МУРИЊО -ТРЕНЕР ФК МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Задоволен сум од многу аспекти со нашите перфоманси.Во Премиер лигата немаме  тим каков што е Реал Мадрид.Имаме други топ екипи но со поинакви квалитети.Играчите од средниот ред на Реал како Модрич,Крос,Иско или пак Касемиро немаат реплика.Во второто полувреме пронајдовме начин да им отежниме.Среќен сум со тоа  како   одговоривме  при негативата  од два гола.Имавме и голема шанса преку Рашворд  за изедначување.

Реал со 4. титула им се доближи на рекордерите во Супер купот Милан и на Барселона кои имаат по пет.После 42  издание на фудбалскиот  спектакл, шпанските екипи имаат 19 трофеи,италијанските 9,англиските застанаа на 7. Талин во Естонија на 14 август 2018   биде домаќин на следниот ,43 -ти Супер куп.

 

Веста е прочитана 1769 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.