АВТОМОБИЛИЗАМ

Стравичен инцидент на трките во Скопје: Тешко повреден Александар Димушевски (ВИДЕО)

22 October, 2017 - 17:27

По седум години пауза во Скопје се вратија кружните трки со автомобили, но настанот го одбележа тежок инцидент што се случи во осмиот круг во четвртата дивизија. Српскиот автомобилист Урош Бркиќ со своето возило Хонда излета од патеката поради механички дефект и удри директно во Александар Димушевски, еден од главните организатори на трката, кој беше крај патеката. Двајцата веднаш со возило на итната медицинска помош беа префрлени во болница, по што трката очекувано беше прекината. 

фото: 24АУТО.МК

Веста е прочитана 14499 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.