ПЛИВАЊЕ

СТЕФАНОВСКИ ТРЕТ НА МАРАТОНОТ ВО СЕН ЖАН

31 July, 2016 - 16:02

Одличен настап на македонските маратонци во пливање на трката во Сен Жан Канада од Гран-При серијата на ФИНА. Ветеранот Томи Стефановски го освои третото место на патеката долга 32 км која ја исплива за шест часа 39 минути и 28 секунди.

Евгениј Поп Ацев го освои петтото место, додека Александар Иливски беше девети во конкуренција на 25 маратонци.

Американецот Алекс Мајер беше победник на маратонот во Канада, пред Италијанецот Едоардо Стокино.

Во женска конкуренција триумфираше Русинката Олга Козидуб.

Следната трка во Гран-при серијата на ФИНА е Охридскиот маратон на 20 ти август.

Веста е прочитана 155 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.