АВТОМОБИЛИЗАМ

СТЕФАНОВСКИ ЈА ОБЕЗБЕДИ ВТОРАТА ПОБЕДА СЕЗОНАВА

17 September, 2017 - 19:12

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски ја забележа втората победа сезонава или вкупно трета во кариерата на петата претпоследна станица од шампионатот во ЕТЦЦ серијата што се возеше во белгиски Золдер.

Откако на првата трка беше осми Стефановски новиот успех го оствари во втората. Од полпозицијата до крајот ги извозе без грешка 15 кругови и заслужено се искачи на највисокото место од победничкиот подиум. Веднаш по него на второто и третото место завршија Швајцарецот Петер Рикли и Чехот Петр Фулин.

Стефановски денеска освои вкупно 11 бодови од кои 10 за победата со кои останува во игра за шампионската титула. Го задржа четвртото место во Генералниот поредок кај возачите со 55 бодови. Пред него на лидерската позиција е Фулин со 63 бода, Унгарецот Норберт Наѓ е втор со 56 бодови исто колку што има и третопласираниот Швајцарец Кристјоханес Шрајбер.

Селдната шеста и последна трка ќе се вози на осми октомври на автодромот во чешки Мост.

Веста е прочитана 920 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.