АВТОМОБИЛИЗАМ

СТЕФАНОВСКИ ГО ОСВОИ НИРБУРГРИНГ

27 May, 2017 - 15:51

 

Македонскиот пилот Игор Стефановски имаше извонреден настап на 3..викенд од ЕТЦЦ шампионатот.На  Нирбургринг,легендарната  германска патека ,Стефановски во својот Сеат Леон  победи во 2.трка пред португалецот Фабио Мота и чехот Петр Фулин.Првата трка на Нордшлајфе ,донесе триумф на Фулин,Стефановски беше втор а Мота заврши на третото место.Водечкиот во генералниот пласман,швајцарецот   Шрајбер кој стартуваше од пол позиција не ги заврши денешните трки. Стефановски  кој лани славеше и во Имола,после втората победа во кариерата се проби до 3.место во  генералниот пласман и се доближи на 9  бодови до лидерот Шрајбер.Следниот 4-ти викенд од ЕТЦЦ сезоната ќе се вози  на крајот од месец јуни во  Виља Реал-Португалија.

Веста е прочитана 1398 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.