РАКОМЕТ

СТАРТУВА СП ВО РАКОМЕТ

11 January, 2017 - 15:57

Денеска во Париз почнува СП во ракомет.Титулата ја брани домаќинот Франција.Македонија е дел од Б групата и првиот меч ќе го има утре против Тунис.

 

Со натпреварот Франција-Бразил вечерва во  Париз се крева завесата на 25 СП во машки ракомет.Турнирот ќе се одвива до 29 јануари.Домаќинот  кој ја брани светската круна од Катар е во кругот на најголемите фавороти.Покрај Бразил,противници на Франција во А групата се Полска, Русија, Јапонија и Норвешка.Со исклучот на вечерашниот меч кој почнува од 20.45 во Париз,другите средби од А групата ќе се играат во Нант.Македонија е дел од Б групата .Во петтото  учесвто на СП-ва нашата селекција за место во следниот круг ќе се бори со Тунис,Ангола,Шпанија,Исланд и Словенија.Средбите ќе се одвиваат во Мец.Во Руен ќе се играат натпреварите од Ц групата помеѓу селекциите на  Германија,Хрватска,Унгарија,Чиле,Белорусија и Саудиска Арабија.Во  Д групата ривали се Данска,Шведска,Аргентина,Бахреин,Египет и финалистот  од претходниот шампионат,Катар.Најдобро пласираните 4 репрезентации од секоја група продолжуваат во следната фаза,осминафиналето.Преостанатите ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место во Президент купот.Македонската селекција предводена од хрватскиот стратег Лино Червар,попладнево го одработи вториот тренинг пред утрешната премиера на  турнирот во Франција против Тунис во термин од  17.45.На 14-сетти ,Македонија ќе се сретне со Ангола,два дена подоцна Словенија е ривалот на Црвено-жолтите.Полуфиналистот  од Катар,Шпанија  е предизвикот во 4.коло на 18 јануари и на 19-сетти,групната фаза Македонија ја финишира во меч со Исланд.Најдобриот пласман од досегашните 4-ри учества на СП-ва,Македонија го забележа пред две години во Катар кога заврши на 9-та позиција. 

Веста е прочитана 872 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.