СКИЈАЊЕ

СП: ВОРЛИ ГО ОСВОИ ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ ВО ВЕЛЕСЛАЛОМ,СИМЈАНОВСКА ДИСКВАЛИФИКУВАНА

16 February, 2017 - 15:59

На СП во алпско скијање што се одржува во швајцарскиот зимски центар Сент Мориц,денеска на програма беше финалето во женскиот  велеслалом како и квалификациите за истата дисциплина  во машка конкуренција.Теса Ворли од Франција го освои златниот медал,откако после двете возења имаше за 34 стотинки  подобар резултат од американката Микаела Шифрин.Бронзениот медал и припадна на италијанката Софија Гоџија која беше за 74 стотинки побавна од Ворли која е  водечката во дицсиплината и во Светскиот куп.Нашата претставничка Лидија Симјановска заврши на 80 место после првото возење но беше дисквалификувана  од организаторот.Во Сент Мориц се одржаа и квалифиакциите за машкиот велеслалом.Ниту еден од македонските скијачи не успеа да избори место за главната трка.Очекувано најдобар резултат оствари Антонио Ристосвки кој беше 61 после првото возење но тој не стартуваше на втората трка.Марјан Нашоку заврши на 83 место,но остана без пласман во второто спуштање по патеката.Лука Божиновски не ја заврши првата трка, додека Виктор Петров беше дисквалификуван.

Веста е прочитана 330 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.