СКИ СКОКОВИ

ШТЕФАН КРАФТ ТРИУМФИРАШЕ ВО ОБЕРЗДОРФ

30 December, 2016 - 19:26

Штефан Крафт е победник на скокалницата во Оберздорф,прва  станицица од Новогодишната турнеја ’’Четири Скокалници’’.Австриецот  оствари скокови од 139 метри во првата серија и 134,5     во втората, за триумф пред Камил Штох од Полска и сонародникот Михаел Хајбек. Бранителот на титулата, словенецот Петер Превц заврши на 10  место ,неговиот најмлад брат,Цене Превц беше подбар,8-ми додека потрфли Домен Превц со пласман на 26.позиција После денешниот натпреварот во Оберздорф, 65. издание на Новогодишната турнеја продолжува   на  1 јануари  во Гармиш.Завршните две станици од снежниот спектакл  се  Инсбрук на 04.01.2017  и  Бишофсхофен на 06.01.2017 година.Домен Превц останува лидер во Светскиот куп со 54 бодови,пред норвежанецот Танде кој има 432.

Веста е прочитана 330 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.