СКИЈАЊЕ

ШИФРИН И КРИСТОФЕРСЕН ПОБЕДНИЦИ НА ДЕНЕШНИТЕ СЛАЛОМСКИ ТРКИ

8 January, 2017 - 19:07

Микаела Шифрин триумфираше  на шестиот слалом од сезоната на СК во алпско скијање што се одвиваше во Марибор.Американката  брзо се врати на победничкиот колосек откако  остана без пласман на претходната  трка во  Загреб .Шифрин со  предност од 19 стотинки пред Венди Холденер од Швајцарија и 31 пред швеѓанката Фрида Хансдотер, по петти пат сезона  се искачи највисоко на подиумот. Вероника Зузулова од Словачка, единствената скијачка која успеа да ја  победи во слалом сезонава,денеска не го заврши првото возење.Со 27 триумф во СК,Шифрин се оддалечи на 305 бодови од Лара Гут во генералниот пласман.Во поредокот за слалом,американката има  предност од 110 бодови пред Зузулова.

Скијачите во швајцарскиот зимски  центар  Аделбоден го   возеа петтиот слалом. Најбрз беше Хенрик Кристоферсен.Норвежанецот доминираше на две возења и со подобар  резултат од италиајнецот Манфред Мелг за секунда и 83 стотинки се избори за 11 слаломска победа во кариерата.Марсел Хиршер го пополни подиумот со заостанување од преку две секунди зад победникот.После триумфот во Аделбоден,Кристоферсен се изедначи со Хиршер во поредокот за слалом.Обајцата имаат по 360 бодови.Во генералата,австриецот Хиршер води со 833 бодови,299 повеќе од Пинтуро.Францизинот го заврши денешниот слалом на 9-та позиција.  

Веста е прочитана 706 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.