ФУДБАЛ

СЕНИОРИТЕ ПОРАЗЕНИ ОД ШПАНИЈА

12 June, 2017 - 14:48

Во  квалификациските  за Светското првенство 2018 во Русија,Македонија загуби со 1-2 од Шпнаија во меч  одигран синоќа на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

 

Фаворитот имаше комплетна доминација во првото полувреме, која ја круниса со головите на Давид Силва (15.минута) и Диего Коста (30).

Во вториот дел избраниците на селекторот Игор Ангеловски играа посигурно, пред се во одбраната и со брзи контра напади се обидуваа да го загрозат голот на Давид Де Геа. Тоа се случи во 66.минута кога по асистенцијата на Горан Пандев, Стефан Ристовски одлично истрча по десната страна и со силен удар под пречката го совлада Де Геа, поставувајќи го конечниот резултат 2:1. 

Честитки најпрвин за Шпанија за победата. Не сум задоволен од првото полувреме кога некако игравме со преголем респект, но ако од нешто сум задоволен тоа е нашата игра во второто полувреме, затоа што мислам дека тоа беше она што го игравме во изминативе квалификации. Успеавме резултатски да го донесме до егал натпреварот до 90 минута, но за жал не успеавме да го зададеме и завршниот удар. Морам да кажам дека го загубивме овој натпревар, но добивме бисер во името на Елиф Елмас кој дебитираше со 17 години против една Шпанија а одигра одлично. Исто така честитки за добрата игра и за вториот дебитант, Тошевски", изјави Ангеловски на прес конференцијата после натпреварот со Шпанија.

Синоќа во групата Г,Италија-Лихтенштајн 5-0 и Израел-Албанија 0-3.На табелата, Шпанија и Италија имаат по 16 бодови,пред Албанија и Израел со по 9.Македонија е петта со 3  пред фенерџијата Лихтенштајн кој е без бодови.На 2 септември, Македонија гостува кај Израел.

Веста е прочитана 1430 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.