ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ ОДНОВО ЛИДЕР ПО ТРИУМФОТ НА „МАРИНА БЕЈ“

18 September, 2016 - 18:38

Нико Розберг одново се искачи на врвот во формула еден шампионатот по триумфот на 15 трка што се возеше на патеката „Марина беј“ за Големата награда на Сингапур.

Возачот на Мерцедес и покрај киксот на 12 кругови пред крајот успеа да ги издржи нападите на конкурентите за осмиот триумф сезонава или вкупно 22 во кариерата во неговата јубилејна 200 Гран при трка.

Австралиецот Даниел Рикиардо на „Ред Бул“ немаше доволно време поради големото засотанување да ја искористи истрошеноста на пневматиците на Розберг по што на крајот заврши на втората позиција.

Британецот Луис Хамилтон на „Мерцедес“ беше трет откако водеше интересна битка со четвртопласираниот Финиец Кими Раиконен на „Ферари“.

Возач на денот беше неговиот тимски колега Германецот Себастијан Фетел, кој го завзеде петото место, иако стартуваше како последен, а по него до десетата позиција бодови освоија, Холанѓанецот Макс Верстапен на „Ред Бул“, Шпанецот Фернандо Аолонсо на „Мекларен“, Мексиканецот Серхио Перез на „Форс Индија“, Русинот Данил Квјат на „Торо Росо“ и Данецот Кевин Магнусен на „Рено“.

Розберг го презеде водството во Генералниот пласман со 273 бодови, осум повеќе од Хамилтон. Рикардо е трет со 179 поени.

Шампионатот во формула еден продолжува за две недели, на втори окотмври, кога ќе се вози 16 трка за Големата награда на Малезија.

Веста е прочитана 444 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.