ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ СТАНА НОВ ШАМПИОН, ЈАЛОВА ПОБЕДА НА ХАМИЛТОН НА „ЈАЗ МАРИНА“

27 November, 2016 - 17:50

Германецот Нико Розберг е нов шампион во формула еден или во историјата ќе биде запишан како 33 ти возач што ја освоил титулата во 67 то издание од октанскиот циркус.

Пилотот на „Мерцедес“ го издржа притисокот на последната трка во сезоната што се возеше за Големата награда на Абу Даби, каде беше втор, веднаш зад тимскиот колега Луис Хамитлон, кој беше најбрз. За Британецот јалова беше 10 победа сезонава, бидејќи Розберг со пет бодови беше подобар од него на крајот во Генералниот пласман кај возачите.

На патекета „Јаз Марина“ каде третпат во последните шест години се решаваше за титулата, трет низ целта мина Германецот Себастијан Фетел на „Ферари“.

Розберг од првиот до последниот круг го пратеше Хамилтон на кого мисијата му беше да ја забави трката и да им овозможи на возачите на „Ферари“ и „Ред Бул“ да го исфрлат неговиот конкурент од можноста да стигне до победничкиот подиум во што не им успеа.

31 годишниот Розберг, со девет победи сезонава го повтори успехот на својот татко Кеке Розберг од 1982 та година, кога ја освои титулата, но под знамето на Финска. Претходно уште фамилијата Хил, Греем и Дејмон, како татко и син се закитиле со титулата.

Розберг воедно стана трет Германец шампион, по седумкратниот Михаел Шумахер и четирикратниот Себастијан Фетел.

На последната трка во Абу Даби, Бразилецот Фелипе Маса и Британецот Џенсон Батон ја завршија кариерата бидејќи ја извозеа последната трка. Во болидот на Вилијамс Маса беше деветти, додека Батон на Мекларен не стигна на целта се откажа во 15 круг.

Кај конструкторите, од порано „Мерцедес“ ја завери титулата, пред „Ред Бул“ и „Ферари“.

Новата сезона во формула еден ќе започне на 26 ти март идната година во Мелбурн каде ќе се вози за Големата награда на Австралија.

Веста е прочитана 1039 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.