ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ ГО ИСКОРИСТИ КИКСОТ НА ХАМИЛТОН ЗА ТРИУМФ ВО МОНЦА

4 September, 2016 - 17:11

Возачот на „Мерцедес“, Нико Розберг беше најбрз на 14 трка во формула еден шампионатот што се возеше во Монца за Големата награда на Италија. Германецот го искористи слабиот старт на тимскиот колега Луис Хамилтон и од првата кривина го превзеде водството кое не го испушти до целта за седмата победа сезонава или вкупно 21 во кариерата.

Британецот тогаш падна на шестата позиција но по неколкуте претекнувања и одличната тактика во боксот при менувањето на пневматиците на крајот се избори за втората, пред двата болида на „Ферари“. На третото место од победничкиот подиум се искачи Германецот Себастијан Фетел, додека веднаш по него како четвртти заврши Финецот Кими Раиконен. Одново тимот од Маранело шестта година по ред остана без триумф на домашен терен.

Во Монца бодови од петото до 10 место освоија уште, Австралиецот Даниел Рикиардо („Ред Бул“), Финецот Валтери Ботас („Вилијамс“), Холанѓанецот Макс Верстапен („Ред Бул“), Мексиканецот Серхио Перес („Форс Индија“), Бразилецот Фелипе Маса („Вилијамс“) и Германецот Нико Хулкенберг („Форс Индија“).

По 14 трки во Генералниот пласман кај возачите и натаму лидер остана Хамилтон со 250 бодови, сега само со два бода предност во однос на Розберг. Рикиардо е трет со 161 бод.

Следната трка е на програмата по две недели на 18 септември кога на патеката „Марина Беј“ ќе се вози за Големата награда на Сингапур.

Веста е прочитана 313 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.