ФУДБАЛ

Репрезентациите до 17 и до 19 години ги добија своите противници во елитните квалификации

6 December, 2017 - 17:44

Македонските фудбалски репрезентации до 17 и до 19 години денеска ги добија своите противници во елитните квалификации за пласман на Европските првенства во своите возрасни категории. Во оваа историска година за македонскиот фудбал, за прв пат две наши селекции ќе се натпреваруваат во оваа фаза од квалификациите.

Генерацијата до 19 години предводена од селекторот Вујадин Станојковиќ се падна во група со европскиот шампион во оваа конкуренција Англија, потоа Унгарија и Летонија. Само прво пласираната репрезентација во групата ќе обезбеди пласман на ЕП што се игра летово во Финска, а квалификацискиот турнир ќе се одржи на пролет.

Селекцијата до 17 години пак ќе игра во групата 3 заедно со република Ирска, Полска и Грузија. Првопласираните селекции од осумте групи, како и најдобрите седум второпласирани репрезентации ќе обезбедат пласман на завршниот турнир, што ќе се одржи летово во Англија. 

Веста е прочитана 1563 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.