ФУДБАЛ

РЕАЛ ОБЕЗБЕДИ ФИНАЛЕ, ЗА ТИТУЛАТА СО ДОМАЌИНОТ КАШИМА

15 December, 2016 - 19:14

Реал Мадрид се избори за финале на Светското клупско фудбалско првенство кое се одржува во Јапонија. „Кралскиот клуб“ во второто полуфинале го победи мексиканскиот тим Клуб Америка со 2:0.

Стрелци на головите беа Карим Бензема во втората минута од судиското надополнување од првото полувреме и Кристијано Роналдо во третата минута од дополнителното време во второто полувреме.

Противник на Реал Мадрид во борбата за трофејот ќе биде домашниот состав Кашима, кој во првото полуфинале славеше над Атлетико Насионал со 3:0.

Веста е прочитана 233 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.