СКИ СКОКОВИ

ПРЕВЦ СО РЕКОРДНА 14.ПОБЕДА

17 March, 2016 - 16:38

На првиот натпревар од завршницата на сезоната што се одвива на Планица,словенецот Петер Превц  триумфираше пред своите сонародници  со летови од  223  и 232,5 метри по двете серии .Превц се избори за 14.победа  и 2123 бодови,постигнувања со кои ги собори рекордите на Грегор Шлиренѕауер од тринаесет  1-ви  места и 2083 бодови што ги постигна австриецот во сезона 2008/2009-та.Превц  денеска победи пред норвежанецот Јохан Андре Форфанг и сонародникот Роберт Крањец.Ветеранот,43 годишниот  Норијаки Касаи  од Јапонија со пласман на 6-та позиција со два скока преку 220 метри, го прослави јубилејниот, 500-ти настап во кариерата од Светскиот куп.

Веста е прочитана 171 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.