ЕУРО 2016

ПОРТУГАЛИЈА ПРВ ПОЛУФИНАЛИСТ

1 July, 2016 - 15:55

Португалија е прва која обезбеди пласман во полуфиналето на Европското фудбалско првенство што се одржува во Франција. На „Веледром“ во Марсеј, Португалците местото меѓу четирите најдобри го изборија со победата над Полска од 5:3 на пенали, во првиот меч од четвртфиналето.

Со голот на Роберт Левандовски по само 100 секунди игра Полска поведе со 1:0, но Ренато Санчез во 33 минута израмни на 1:1, што беше и конечен резултат по регуларните 90, но и дополнителните 30 минути.

Во пенал рулетот, клучен беше ударот на Блажиковски во четвртата сериија кој португалскиот голман Патрисио го одбрани, за веднаш потоа Кварезма да погоди и да ја одведе Португалија во полуфиналето.

Противник на Португалија во полуфиналето ќе биде подобриот од натпреварот меѓу дебитантот Велс и фаворизираната селекција на Белгија, кој ќе се игра вечерва од 21 часот во Лил.

Втората полуфинална двојка ќе ја дадат победниците од преостанатите два четвртфинални дуели кои ќе се играат в сабота и недела, исто така од 21 часот, а во кој актуелниот светски шампион Германија за противник ќе го има европскиот вицепрвак Италија, додека домаќинот Франција ќе игра против најпријатното изненадување на првенството досега, селекцијата на Исланд. 

Веста е прочитана 625 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.