РАКОМЕТ

СП АЛЖИР: ПОРАЗ НА МЛАДИНЦИТЕ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ОД ФРАНЦИЈА

27 July, 2017 - 21:44

Македонската машка  ракометна селекција за играчи до 21 година  загуби од  Франција и не успеа да се пласира во полуфиналето на  Светското првенство во Алжир.

Младинците  немаа сили за нов подвиг на СП во Алжир.После пласманот во четврфиналето,ракометари вечерва играа против актуелниот шампион,селекцијата на Франција која ја оправда фаворитската улога и со  убедливи 33-17   се пласираше во полуфиналето.

Триколорите го диктираа темпото на игра и постојано беа во предност.Петте голови разлика на полувремето ,французите успешно ги одржуваа и во продолжение, а во завршните 10-на  минути  стигнаа  и  до убедлива победа.Нашиот состав  на 29 и на 30 јули ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место .Франција го очекува противникот во полуфиналете  по мечот Данска-Русија.Втор полуфиналист на СП е  Германија чии ракометари со 27-21 го поразија Тунис.Подобриот од средбата Унгарија-Шпанија  ќе игра полуфинале против Германија. 

Веста е прочитана 866 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.