ПЛИВАЊЕ

ПОП АЦЕВ ПОБЕДИ НА ОХРИДСКИОТ МАРАТОН

29 August, 2015 - 19:00

Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот на Охридскиот маратон е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација.

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа.

- Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен, се надевав годинава на победа...Последните километри од трката видов дека имам шанси, така што ја сменив тактиката и успеав да го направам она што го пропуштив лани, изјави Поп Ацев откако од претседателот Ѓорѓе Иванов беше закитен со ловоров венец.а второто место беше Аргентинецот Дамијан Блаум, но беше дисквалификуван поради кратење на патеката во финишот, па второто место го освои Бразилецот Матеуш Еванжелишта со време 5:39:48 часа, а трет е Томи Стефановски, кој заостана шест секунди зад второпласираниот. 

 

Победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, вторпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7...осмопласираниот 3 бода. Тоа значи дека Поп Ацев со победата во Охрид избива на првото место во генерален пласман со освоени 38 бода и со големи шанси да биде победник во оваа сезона оттаму што до крајот на оваа „Гран-при“ серија останува уште маратонот Капри - Неапол . 

Веста е прочитана 69 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.